Со цел поефикасно одржување на јавната чистота, зеленилото и парковите, општина Илинден продолжува со вложување во модернизација и подобрување на опремата на општинските јавни комунални претпријатија.
Денеска беше промовирана нова противпожарна опрема за потребите на ЈКП „Илинден”. Градоначалникот Александар Георгиевски, истакна дека континуираното обновување на механизацијата и опремата е клучно за брзо, квалитетно и ефикасно извршување на комуналните услуги. Тој потенцираше дека набавката на противпожарна опрема е од особена важност, бидејќи значително го зголемува капацитетот за помош при интервенции во случај на пожар.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
