Kрадец одземал пари од икони во црквата „Свети Никола” во Катланово. Сетата таа дрска кражба била снимена од црковната камера.
Снимки од настанот се вртат на социјалните мрежи и на нив се гледа како крадецот влегува сам во верскиот објект, прво делува како ги разгледува иконите, но потоа ги собира парите оставени на нив.
Верниците често велат – Бог гледа се, овој пат гледала и црковната камера. Се уште не е познато дали е откриено кој е дрскиот крадец.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
