Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Најмногу дожд на Попова Шапка, најмалку во Штип
    Република

    Најмногу дожд на Попова Шапка, најмалку во Штип

    18/11/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Најмногу дожд наврнало на Попова Шапка, а најмалку во Штип, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи до 16:30 часот денеска, а за претходните девет часа.

    На Попова Шапка наврнало 35 литри на квадратен метар, 29 – Лазарополе, Пожаране, 25 – Тетово, 19 – Маврови Анови, 17 – Скопје-Зајчев Рид, 10 – Крушево, Тополчани, 7 – Претор, 6 – Охрид, 5 – Крива Паланка, Ѓуриште, Битола, Велес, Пожар, 3 – Прилеп, 2 – Струмица, Берово, 1 – Штип.

    Максимална температура 11 била евидентирана во Крушево, Маврови Анови, 12 – Тетово, Лазарополе, 13 – Скопје-Зајчев Рид, Претор, 15 – Струмица, Крива Паланка, 16 – Скопје-Петровец, Берово, Прилеп, Охрид, Демир Капија, Велес, 17 – Гевгелија, Штип, 18 – Кавадарци, Битола, 19 – Виница.

    Од УХМР потенцираат дека низ државата дувел умерен, наместа засилен ветер од јужен правец. Во Штип, ветерот достигнувал брзина до 60 километри на час.

    Според синоптичарите, повремени врнежи од дожд ќе има и во текот на ноќта. Наместа врнежите ќе бидат пообилни – над 40 литри на квадратен метар за 24 часа. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

    За утре се најавува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне во југозападните и јужните делови – над 25 литри на квадратен метар за 24 часа. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.

    Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 14 степени.

    Под влијание на циклонска активност, се очекува да продолжи периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утре во попладневните часови и во четврток, врнежите се очекува да бидат со послаб интензитет. Во петок и во деновите од викендот, повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд – над 30 литри на квадратен метар за 24 часа, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на грмежи.

    Утринските и дневните температури од недела значително ќе опаднат.

    Поврзани вести:

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе биде судена во отсуство

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Муцунски со францускиот министер Хадад: Разговарале за европскиот пат на Македонија

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    Министерството за јавна администрација предлага реформа на државната управа

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    22/10/2026

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    22/10/2026

    Премиерот Христијан Мицкоски учествува на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.