Родителите за загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс”, за во сабота најавија протестен марш во Скопје и побараа поддршка од граѓаните. „Марш на ангелите” ќе почне во 12:05 часот на плоштадот „Македонија”, од каде што ќе продолжи пред Собранието и пред Основниот кривичен суд Скопје.
„Нашите деца умреа на 16 март. Не бараме од вас милост, бараме да ни се придружите во борбата за правда, затоа што нашите деца го заслужуваат тоа. На 15 ноември маршираме во Скопје за вистината” кажаа дел од родителите во видео-порака. Инаку, судењето за оваа трагедија е закажано да почне на 19 ноември.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
