Конечно македонската јавност дочека од преставници на новите локални власти да почнат со рационализирање на трошоците кои биле непотребни низ годините наназад. Па така градоначалникот на Битола им наредил на директорите на општинските јавни претпријатија да достават конкретни предлози за намалување на управните одбори. И градоначалникот на Струга вчера најави продажба на службениот автомобил и дека ќе го користи своето приватно возило. Истовремено, тој почнал и со отпуштање на сите вработени кои не доаѓале на работа, а земале плата.
Во Скопје таквата метла за неработниците уште првиот ден ја замавна и Орце Горѓиевски кој кажа дека се откриени и отпуштени околу 500 фантомски работници. Ги имало само на хартија, но не и на работното место.
Ова е добар почетен позитивен бран. Ќе продолжат ли тројцата градоначалници уште да чистат? Ќе ги зафати ли овој бран и другите општини?
Доста е од нерационални трошења за да се задоволат партиски џаболебари. Општинските буџети и онака се тенки, а проблеми за решавање има многу. Парите на граѓаните мора да се ставени во функција на подобри општини. Доста е од гломазни управни и надзорни одбори, чии членови земаат дебели паушали, а скоро и ништо не сработуваат.
Инаку, убаво би било бранот на чистка на неработниците да ја зафати и централната власт.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
