Наскоро почнува откупот на тутунот. Очекувањата на Сојузот на земјоделските здруженија се дека од 15 ноември до 28 февруари, следната година откупувачи да треба да преземат околу 22 000 тони тутун одгледуван на македонските ниви.
„Од утре почнуваат да се верификуваат мострите тутун во Институтот за тутун во Прилеп. Од понеделник, откупните компании ќе може да ги подигнат и на 18 ноември може да ги отворат пунктовите. Ние како Сојуз сме подготвени да почне откупот на тутунот. Имаме капацитет, односно повереници, за да ги покриеме сите ваги, а годинава во земјава се 337 откупни ваги што е најмногу досега, така што се очекува тутунот да се купи што побрзо и со добар квалитет“, изјави претседателот кире Ристески.
Тој очекува дека тутунот ќе биде подобро платен од лани и вели дека со компаниите откупувачи преговараат поради високиот квалитет на тутунот, тој да биде подобро платен од ланската реколта.
За жал, поради сушата родот годинава е намален. Откупувачите очекуваа 26 000 тони, но реколтата може да тежи најмногу до 22 000 тони, сметаат од Сојузот.
