Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Скопје»Левица со реакција: Зошто нови приватни автобуси, а не од ЈСП?
    default
    Скопје

    Левица со реакција: Зошто нови приватни автобуси, а не од ЈСП?

    08/11/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Левица остро реагираше на најавата на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, дека од понеделник ќе се вклучат во јавниот превоз нови 55 автобуси на приватните превозници, оценувајќи дека тоа е уште едно „импровизирано решение“ на штета на јавниот интерес.

    „Наместо нови автобуси во ЈСП, нови автобуси за приватните превозници! Четири години ВМРО-ДПМНЕ го држеше Советот на Град Скопје во блокада и не гласаа за набавка на нови еко автобуси, поради што јавниот превоз колабираше, а градот западна во хаос. Денес, кога ја имаат целата власт, се обидуваат да изиграат спасители и најавуваат нови автобуси од приватници, наместо системско јакнење на ЈСП,“ стои во соопштението на Левица.

    Од партијата на Апасиев обвинува дека ваквиот потег отвора сомнеж дека се подготвува терен за приватизација на јавните претпријатија, наместо за нивно реформирање и модернизација.

    „Се поставува прашањето зошто приоритет им е набавка на автобуси за приватниците, а не за Јавното сообраќајно претпријатие? Истите тие што беа против купување нови автобуси, сега носат импровизирани решенија. Истиот двоен стандард го гледаме и со Градска хигиена – Скопје тонаше во смет поради нивните блокади, а сега се сликаат со метли како да го чистат туѓиот неред,“ порачаа од партијата.

    Од Левица додаваат дека нивните советници во Советот на Град Скопје ќе се спротистават на секоја одлука што го фаворизира приватниот интерес пред јавниот и нема да дозволат, како што велат, „дополнително уништување на јавните претпријатија.“

    „Ние сме за силно, јавно и модерно ЈСП, а не за приватизација и политички маркетинг,“ се наведува во соопштението на Левица. објави Скопје1.мк

    Поврзани вести:

    „Бела ноќ“ во Скопје: Бесплатен превоз и влез во Зоолошката градина, најави Ѓорѓиевски

    „Бела ноќ“ во Скопје: Бесплатен превоз и влез во Зоолошката градина, најави Ѓорѓиевски

    Општина Бутел поставува нови контејнери за почиста и поуредна средина

    Општина Бутел поставува нови контејнери за почиста и поуредна средина

    Во различни делови од Скопје денес прекин на вода и струја

    Во различни делови од Скопје денес прекин на вода и струја

    Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на Урсула фон дер Лајен

    Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на Урсула фон дер Лајен

    Ѓорѓиевски: Скопје става крај на неконтролираното вработување, приоритет добива оперативниот кадар

    Ѓорѓиевски: Скопје става крај на неконтролираното вработување, приоритет добива оперативниот кадар

    Нова автобуска линија 35 ги поврза Бутел и Аеродром

    Нова автобуска линија 35 ги поврза Бутел и Аеродром

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    јсп левица
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    „Бела ноќ“ во Скопје: Бесплатен превоз и влез во Зоолошката градина, најави Ѓорѓиевски

    02/10/2026

    Општина Бутел поставува нови контејнери за почиста и поуредна средина

    02/10/2026

    Во различни делови од Скопје денес прекин на вода и струја

    02/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.