Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»(Видео) Кои се напаѓачите од синоќа во возот на хоророт во Англија?
    Свет

    (Видео) Кои се напаѓачите од синоќа во возот на хоророт во Англија?

    02/11/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Двајца патници и понатаму се во критична состојба по масовниот напад со нож што се случи синоќа во возот на компанијата London North Eastern Railway (LNER) кој се движел од Донкастер, во јужен Јоркшир кон Лондон, соопшти британската полиција.
    Според полициските информации, десет лица биле повредени, од кои девет со повреди опасни по живот. Четворица веќе се пуштени од болница, додека двајца се во критична состојба.
    Контролорот Џон Ловлес на прес-конференција на станицата Хантингдон го откри идентитетот на двајца мажи уапсени за нападот.
    „Станува збор за 32-годишен маж, британски државјанин со црна боја на кожа, и 35-годишен маж од карипско потекло. Двајцата се родени во Велика Британија“, рече Ловлес.
    Тој додаде дека засега нема индиции дека станува збор за терористички напад. Истрагата ја води британската полиција, со поддршка од антитерористичките единици кои помагаат во утврдување на околностите и мотивот на нападот.
    Претходно, британскиот министер за одбрана Џон Хили изјави дека се работи за „изолиран напад“ и дека нема потреба од зголемување на нивото на терористичка закана во земјата.
    Според сведочењата на патниците, еден од напаѓачите ненадејно почнал да ги сече луѓето со нож, откако возот поминал низ Питерборо. Полицијата околу 19:40 примила повеќе повици од возот, кој потоа бил запрен на станицата Хантингдон, по околу 15 минути возење од Питерборо.
    На местото пристигнале наоружани полициски единици кои влегле во возот и ги уапсиле двајцата осомничени. Сведоци изјавиле дека полицајците употребиле електрошокер за да совладаат еден од нив кој држел нож.
    На терен биле испратени бројни екипи за итна помош, вклучително и хеликоптерска медицинска служба. Полицијата проценува дека целиот инцидент траел меѓу 10 и 15 минути. Неповредените патници биле испрашани, а дел од нив со автобус биле превезени во Лондон.

    ⚠️WARNING: This post describes a suspected terrorist incident involving mass casualties.

    A suspected terror attack on a train near Huntingdon, Cambridgeshire, left 10 people with knife wounds on Saturday night.

    British Transport Police were called to the LNER train (the 6:25 pm… pic.twitter.com/mClHzEolLA

    — True Crime Updates (@TrueCrimeUpdat) November 2, 2025

    Поврзани вести:

    Осми ден протести во Тирана: Судири со полицијата, запалени контејнери и солзавец

    Осми ден протести во Тирана: Судири со полицијата, запалени контејнери и солзавец

    „Рајанер“ најавува поскапување на летовите поради скапото гориво

    „Рајанер“ најавува поскапување на летовите поради скапото гориво

    (Видео) Се запали мотор на патнички авион пред полетување во Перу, патниците евакуирани

    (Видео) Се запали мотор на патнички авион пред полетување во Перу, патниците евакуирани

    Вучиќ: Се плашам дека третата светска војна е неизбежна

    Вучиќ: Се плашам дека третата светска војна е неизбежна

    Федералните агенции во САД добија наредба да го отстранат DeepSeek

    Федералните агенции во САД добија наредба да го отстранат DeepSeek

    Трамп подготвен за трилатерална средба со Путин и Си: Време е некој друг да преговара за Украина

    Трамп подготвен за трилатерална средба со Путин и Си: Време е некој друг да преговара за Украина

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    англија воз напад нож повредени хорор
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Осми ден протести во Тирана: Судири со полицијата, запалени контејнери и солзавец

    20/10/2026

    „Рајанер“ најавува поскапување на летовите поради скапото гориво

    20/10/2026

    (Видео) Се запали мотор на патнички авион пред полетување во Перу, патниците евакуирани

    20/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.