Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Ивана Југ до семејството на починатиот Кире Ѓорѓиевски: Знам што значи да изгубиш човек зад решетки, во тишина, без правда, без мир
    Република

    Ивана Југ до семејството на починатиот Кире Ѓорѓиевски: Знам што значи да изгубиш човек зад решетки, во тишина, без правда, без мир

    01/11/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Сопругата на починатиот Игор Југ, осуден за настаните во Собранието на 27 април, Ивана Југ со емотивна порака на Фејсбук се прости од Кире Ѓорѓиевски, уште еден од осудените во истиот предмет, кој почина во штипскиот затвор.
    „Ноќеска не напушти Кире — уште еден од осудените во истото политичко дело во кое беше осуден и мојот сопруг“, напиша Ивана и додаде дека ова повторно ја отворило раната.
    „Истата приказна, истата неправда, истата тишина зад затворските ѕидови што зема животи пред вистината да излезе на виделина.
    Игор не ја дочека правдата! Замина со болка, со вера дека еден ден вистината ќе победи.
    Сега, кога слушам дека и Кире го заврши својот живот во истите околности, срцето ми се кине — затоа што знам што значи тоа. Знам што значи да изгубиш човек зад решетки, во тишина, без правда, без мир“, стои во објавата на Ивана Југ.
    Таа на семејството на Ѓорѓиевски им упати најдлабоко сочувство и им посака Господ да им даде сила да издржат во овие тешки моменти.
    „Почивај во мир, Кире! Во вечен спомен на Игор — и на сите кои неправдата ги одзеде предвреме“, напиша Југ.
    Кире Ѓорѓиевски, кој синоќа почина во штипскиот затвор за настаните на „27 април“ беше осуден на 13 години затвор.
    Лошата вест утрово ја објавија неговите пријатели.
    „Почивај во Мир Кире! И ти не дочека како братот Игор Југ да ја видиш слободата! Уште колку треба да умреме од 27 за да се наситите, уште колку додека ја чекаме правдата, напиша Горан Ангелов во поршталната Фејсбук објава.

    Поврзани вести:

    Мисајловски во Словенија: Средба со Македонците во Крањ и учество на министерски состаноци

    Мисајловски во Словенија: Средба со Македонците во Крањ и учество на министерски состаноци

    Проданоски: 84 години од Дабничкиот масакр – да не се повтори, но никогаш да не се заборави

    Проданоски: 84 години од Дабничкиот масакр – да не се повтори, но никогаш да не се заборави

    Претпладне сонце и обаци, попладне дожд и грмежи

    Претпладне сонце и обаци, попладне дожд и грмежи

    Фалсификувани возачки дозволи за автобуси и камиони: Поднесено обвинение против шест лица

    Фалсификувани возачки дозволи за автобуси и камиони: Поднесено обвинение против шест лица

    Активни пожари во повеќе општини – еден пожар ставен под контрола

    Активни пожари во повеќе општини – еден пожар ставен под контрола

    Во Вашингтон се разговарало за Чебрен, Галиште и големи американски инвестиции, откри премиерот Мицкоски

    Во Вашингтон се разговарало за Чебрен, Галиште и големи американски инвестиции, откри премиерот Мицкоски

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    27 април затвор штип Кире Ѓорѓиевски осудени
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Мисајловски во Словенија: Средба со Македонците во Крањ и учество на министерски состаноци

    20/09/2026

    Проданоски: 84 години од Дабничкиот масакр – да не се повтори, но никогаш да не се заборави

    20/09/2026

    Претпладне сонце и обаци, попладне дожд и грмежи

    20/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.