Кадетската македонска ракометна репрезентација денеска од 14.30 ќе игра против соодветната селекција на Грција во рамките на квалификациите за пласман на ЕП 2026 што ќе се игра во Србија.
Избраниците на селекторот Горан Кузманоски, вчера во првиот натпревар ја совладаа Финска со резултат 36:29.
Нашата репрезентација тешко го „скрши“ отпорот на ривалот, кој на полувреме дури и водеше со два гола разлика. Сепак по 45-тата минута нашите ракометари успеаја да се одлепат и да победат.
Најефикасни во нашиот тим беа Јован Петрески со 10 гола и Бобан Поповски со 9.
Утре нашата репрезентација ќе игра против домаќинот Луксембург.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
