Тешко се наоѓа паркинг место во Скопје. Особено во Центар, каде и самите центарци неретко вртат кругови околу своите згради за да најдат место каде ќе го остават возилото. Одамна е констатирано дека на општината и се потребни нови паркинг места. Но тоа тешко се реализира.
Затоа пак вчера центарското Јавно претпријатие за паркиралишта се пофали дека успешно реализирало поставување на нови информативни табли. Од таму велат дека таблите биле со современ дизајн и вграден QR-код кој овозможува едноставно и брзо плаќање на паркинг услугата со платежна картичка.
Колку современиот дизајн на таблите поставени на преполните паркинзи ќе помогне да се најде паркинг место во Центар?
Да, добро е дека се прави и модернизација и иновативни дигитални решенија, но други се приоритетите во Центар – а тоа е правење на нови паркинг места, како и средување и чистење на постојните.
Треба да се запне на ова поле, исто така ревносно како што работи пајак службата на центарското претпријатие која жнее неправилно паркирани возила.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
