На првата пленарна седница во Собранието што ќе се одржи в понеделник, се очекува да биде констатирано дека тројца членови на овој парламентарен состав се избрани за градоначалници, со што завршува нивниот пратенички мандат. Досегашните пратеници Елизабета Стаменковска-Трајковска беше избрана во Кисела Вода, Јане Мицевски во Сопиште, а Дејан Продановски стана градоначланик на Прилеп.
На нивните места во парламентот ќе дојдат следните два пратеника од листата на партијата во првата изборната единица, а еден од „четворката” на местото на Продановски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
