Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Жалбите отфрелени, шест осомничени за случајот со прилепската болница, остануваат во притвор
    ОЈО
    Република

    Жалбите отфрелени, шест осомничени за случајот со прилепската болница, остануваат во притвор

    24/10/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Kривичниот совет при прилепскиот Основен суд ги отфрли жалбите и им го потврди притворот до 30 дена на шесте осомничени за случајот со прилепската болница. Осомничените, четворица од болницата и двајца надворешни, остануваат во притвор во Битола и во Шутка.

    Бранителот на еден од осомничените, адвокатот Жаре Стеваноски нагласи дека со жалбата ги побиле сите наводи на Обвинителството и смета дека нема основа за притвор, зашто сите цела година во предистражната постапка биле достапни и соработувале.

    Станува збор за класична злоупотреба на приницпот за хиерархија од јавното обвинителство,зашто,во конкретниот предмет уште пред една година е отворена предистрага по наредба на обвинителството. И во таа годинасите, без исклучок и осомничени, сведоци, вработени се повикувани во Управата за финансиска полиција, имаат давано свои искази, уште пред половина година се вршени претреси по домовите на дел од осомничените, и тие отворено соработуваа со јавното обвинителство и со Управата за финансика полиција. Со оваа жалба ги побиваме, практично, двата основи по кои беше определена мерката притвор, тоа е опасност од бегство и влијание врз сведоци и вештаци. Овие основи отпадна уште минатата година, зашто осомничените знаеја дека се води истрага, беа достапни на органите за прогон, учествуваа активно во истрагата, изјави Стеваноски.

    Прилепското Основно обвинителство спроведува истрага за вкупно 32, од кои 7 правни лица, осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои злоупотреби при јавни набавки, злоупотреба на службената положба и за фалсификување и уништување деловни книги со што е оштетен буџетот на болницата за околу 700.000 евра.

    Против 19 лица има мерка за претпазливост, а за 7 фирми од повеќе градови, забрана при постапки за јавни набавки.

    Инаку, во прилепската Болница со општа надлежност „Борка Талески“, според информациите од раководството, долгот на институцијата е преполовен и болницата е ликвидна.

    – Долгото што го наследивме како ново раководство беше 193 милиона денари. Сега е преполовен, имаме обврски од околу 100 милиона денари, но болницата е ликвидна. Нема никакви проблеми со здравствената услуга за сите пациенти. Постепено настојуваме кадровски да се екипираме со специјалисти во сите одделенија, вели директорот Кире Јоноски.

    Поврзани вести:

    Викенд со променливо време: Денеска дожд, стабилна сабота, врнежи во недела

    Викенд со променливо време: Денеска дожд, стабилна сабота, врнежи во недела

    Собранието ќе ги додели наградите „23 Октомври“ за 2026 година

    Собранието ќе ги додели наградите „23 Октомври“ за 2026 година

    Околу 150.000 луѓе на студентскиот митинг во Белград пред изборите

    Околу 150.000 луѓе на студентскиот митинг во Белград пред изборите

    Денес се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

    Денес се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Викенд со променливо време: Денеска дожд, стабилна сабота, врнежи во недела

    23/10/2026

    Собранието ќе ги додели наградите „23 Октомври“ за 2026 година

    23/10/2026

    Околу 150.000 луѓе на студентскиот митинг во Белград пред изборите

    23/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.