Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Вардар си гази во Европската ракометна лига: На гости совладан француски Тулуз
    Спорт

    Вардар си гази во Европската ракометна лига: На гости совладан француски Тулуз

    21/10/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Ракометарите на Вардар, по домашната победа над Сесвете, во второто коло од Европската ракометна лига нагости го совладаа француски Тулуз со 28-26.
    Во првиот дел, Вардар делуваше надмоќно, но во вториот дел како целиот тим да застана, го врати Тулуз во игра и за малку црвено-црните не направија од готово – вересија. Македонскиот тим отвори одлично, со добра одбрана и ефикасен напад се одлепи на 6-1 и константно имаше водство. Чупиќ го затвори противникот со препознатливата одбрана, главните играчи на Тулуз немаа простор да експериментираат, а Вардар цело време водеше.
    Водството на Вардар во еден момент беше и седум гола, за на полувреме да се замине со 18-11.
    На стартот на вториот дел, Вардар поведе и со девет гола разлика и застана. Тулуз прво од „минус девет“ намали на два гола разлика. До крајот следуваше драма, а клучните моменти кои ја донесоа победата беа реализираниот пенал за 26-24 и интервенција на голманот Гогов, по што Вардар дојде повторно до водство од 4 гола разлика, со што победата беше извесна.
    Најдобар стрелец кај Вардар беше Јака Малус со шест гола, а Дмитри Хориха погоди четири пати. Кај Тулуз, Немања Илиќ даде седум, а Перез Фојхтман имаше пет гола, исто колку и Габриел Ниембо.
    Следниот натпревар Вардар го игра на 11 ноември на гости кај Кристијанштад, кој денеска ремизираше со хрватски Сасвете.

    Поврзани вести:

    Македонија вечерва ја пречекува Шкотска во Лигата на нации

    Македонија вечерва ја пречекува Шкотска во Лигата на нации

    Седлоски најави промени против Шкотска: Критиките нека бидат насочени кон мене

    Седлоски најави промени против Шкотска: Критиките нека бидат насочени кон мене

    Бура во Португалија по заминувањето на Роналдо, се огласи неговата сестра

    Бура во Португалија по заминувањето на Роналдо, се огласи неговата сестра

    Катастрофален старт за Еурофарм Пелистер, Шпанците славеа убедливо во Битола

    Катастрофален старт за Еурофарм Пелистер, Шпанците славеа убедливо во Битола

    Адем Мекиќ се враќа во Куманово, големо засилување за тимот на Докузовски

    Адем Мекиќ се враќа во Куманово, големо засилување за тимот на Докузовски

    Роналдо го напушти кампот на Португалија по разговор со Жесус

    Роналдо го напушти кампот на Португалија по разговор со Жесус

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    вардар европска лига победа ракомет
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Македонија вечерва ја пречекува Шкотска во Лигата на нации

    03/10/2026

    Седлоски најави промени против Шкотска: Критиките нека бидат насочени кон мене

    02/10/2026

    Бура во Португалија по заминувањето на Роналдо, се огласи неговата сестра

    30/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.