Српската „Алта банка” официјално стана нов сопственик на „Стопанска
банка Битола”, откако нејзината понуда беше прифатена од вкупно 262
акционери.
Во рамки на трансакцијата, беа продадени 344.420 акции, што претставува
88,09 проценти од вкупниот акционерски капитал на битолската банка.
Со оваа аквизиција, српската финансиска институција значително го
проширува своето присуство во регионот, а „Стопанска банка Битола”
добива нов стратешки сопственик со кој се очекува понатамошна
модернизација и зајакнување на нејзиното работење.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
