Почина познатиот македонски музичар Владимир Блажев – Панчо од дуото ДНК. Тој беше тешко повреден во катастрофалниот пожар што се случи на 16 март 2025 година во дискотека „Пулс“ во Кочани, по што цело време се лекуваше во приватната болница „Систина“ во Скопје. За жал и покрај борбата на медицинските тимови сериозноста на изгорениците и повредите на дишните патишта беа фатални за Панчо. За потсетување, во поѓарот загинаа 62 лица, над 190 беа повредени, а меѓу загинатите се наоѓа и Андреј Ѓорѓијески, вокалот на групата ДНК, како и други членови на бендот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
