Македонската фудбалска репрезентација ги задржа шансите за пласман на Светското првенство 2026, откако синоќа одигра нерешено 0-0 против Белгија на гостувањето во Гент и остана првопласирана во својата група.
Првото полувреме, според очекувањата, донесе целосна офанзива на Белгија, но македонската одбрана беше на висина на задачата.
Белгискиот тим во првиот дел имаше 81 отсто посед на топката, но ниту еден удар во рамките на голот на Димитриевски.
Второто полувреме донесе иста слика на теренот на Планет арена во Гент, но Димитриевски ги одбрани сите опасни удари кон неговиот гол кои ги упатија Доку, Де Брујне, Онана и Опенда и беше најзаслужен за освоениот бод со кој македонската репрезентација остана на чело во групата со 12 бодови.
Октомврискиот циклус во мундијалските квалификации македонските фудбалери ќе го заокружат в понеделник кога на Арената „Тодор Проески‘ во Скопје ќе го пречекаат Казахстан.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
