Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Република»Се огласи Дејан Сипковски, таткото на Мартин, кој загина во експлозијата во Белград
    Република

    Се огласи Дејан Сипковски, таткото на Мартин, кој загина во експлозијата во Белград

    10/10/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Со длабока болка и неверување, Дејан Сипковски, таткото на загинатиот 21-годишен Македонец Мартин Сипковски, се огласи со јавно соопштение по трагичната експлозија во Белград во која неговиот син го загуби животот.

    „Мартин имаше само 21 година. Беше студент на Факултетот за менаџмент, манекен и поранешен ракометар на РК Вардар — млад човек со многу енергија, големи соништа и надежи за иднината“, пишува во своето обраќање таткото на Мартин.

    Сипковски објаснува дека неговиот син бил „бунтовен, како и многу млади луѓе“, но никогаш не бил насилен и никогаш не би направил нешто што би загрозило туѓ живот.

    „Имаше детски и пубертетски грешки, но никогаш не бил дел од тежок криминал. Една година беше во домашен притвор во Македонија, во рамки на истрага што од самиот почеток беше сомнителна, бидејќи сите докази укажуваа дека тој не бил присутен на местото на настанот“, наведува таткото.

    Тој потенцира дека Мартин не бил првообвинет во случајот, туку подоцна бил вклучен во процесот, додека вистинскиот првообвинет „одамна е избеган во Белград и има сериозно криминално досие“.

    „Нашето семејство смета дека ваквиот тек на настаните е длабоко неправеден и бараме сериозни одговори — како и зошто Мартин бил вовлечен во нешто со што немал никаква вистинска поврзаност“, истакнува Сипковски.

    Според неговото сведочење, Мартин бил исплашен и разочаран од системот, особено по изречената пресуда која, како што наведува семејството, не била оправдана.

    „Семејството очекуваше дека со жалбата ќе биде ослободен. Но, пред тоа да се случи, замина во Белград — исплашен, збунет и, како што веруваме, измамен и злоупотребен од луѓе кои ја искористиле неговата доверба и страв“, вели таткото.

    Тој додава дека постојат сомнежи оти Мартин бил наведен и наместен, изложен на притисок да побегне во Србија, со лажни ветувања дека ќе може да замине во трета држава.

    „Затоа бараме целосна, темелна и објективна истрага — не само од српските, туку и од македонските институции. Вистината мора да се открие до крај“, порачува тој.

    Поврзани вести:

    Викенд со променливо време: Денеска дожд, стабилна сабота, врнежи во недела

    Викенд со променливо време: Денеска дожд, стабилна сабота, врнежи во недела

    Собранието ќе ги додели наградите „23 Октомври“ за 2026 година

    Собранието ќе ги додели наградите „23 Октомври“ за 2026 година

    Околу 150.000 луѓе на студентскиот митинг во Белград пред изборите

    Околу 150.000 луѓе на студентскиот митинг во Белград пред изборите

    Денес се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

    Денес се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Почнува судењето на судијата Ѓоко Ристов за парите пронајдени во куќата на неговите родители

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    Судењето за пожарот во „Пулс“: Сведоци тврдат дека учествувале во евакуацијата

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Викенд со променливо време: Денеска дожд, стабилна сабота, врнежи во недела

    23/10/2026

    Собранието ќе ги додели наградите „23 Октомври“ за 2026 година

    23/10/2026

    Околу 150.000 луѓе на студентскиот митинг во Белград пред изборите

    23/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.