Приватните автобуси денеска возеа само до 10 часот. Така ќе биде и во следните денови доколку од ЈСП не им се надмири долгот од 90 милиони денари. Според превозниците, вкупниот долг на ЈСП кон нив изнесува 170 милиони денари. Тие велат дека им е кажано оти Град Скопје префрлил дел од средствата кон ЈСП, но не е јасно каде се насочени парите. Превозниците најавуваат дека ограничениот режим ќе трае додека не се изврши исплатата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
