Докторот Дарко Василевски го прекина штрајкот со глад што го започна пред Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје, откако шест дена протестираше поради, како што наведе, неправедна постапка при изборот за вработување.
Василевски информираше дека одлуката за прекин на штрајкот ја донел по разговор со деканот на Медицинскиот факултет, по шестдневното поминување пред факултетот.
„Си одам со нарушено здравје, но горд на себе“, порача докторот по завршувањето на протестот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
