Денеска во Собранието имаше жестока дебата помеѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
Во своето обраќање, Мицкоски упати серија критики на сметка на Филипче и поранешната власт, обвинувајќи ги за одговорност за бројни афери и пропусти од минатото.
„Виновен сум што не сте во затвор, туку уште уживате на јахтите во Палури“, му порача Мицкоски на Филипче, додавајќи дека граѓаните очекуваат правда и одговорност.
Размената на обвинувања предизвика бурни реакции во собраниската сала и ја одбележа денешната седница, на која повторно се отворија прашањата за политичката одговорност и работата на институциите.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
