Четириесет и двегодишен маж од битолското село Новаци загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Меџитлија – Старавина.
Според полицијата, тој управувал мопед со битолски регистарски ознаки кога изгубил контрола и излетал надвор од коловозот. Од здобиените повреди мажот починал на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Екипа на СВР Битола извршила увид на местото на несреќата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
