Пред точно 4 години, започна најголемата војна на територијата на Европа по Втората светска војна. Руската војска влезе во Украина и како што соопшти си започнува „специјална воена операција” иако за голем дел од светот тоа е аргесија врз суверена држава.
Украинските сили организираа жесток отпор кој еве веќе 4 години трае. Многу жртви се даваат секој ден од двете страни. Светот ја виде жестокоста и немилосрдноста на војната особено во борбите кои се водеа за градот Мариупол и подоцна во Бахмут.
Според проценките, во текот на овие 4 години раселени се милиони Украинци, а бројот на жртвите и на двете страни е над стотици илјади. Ќе има ли конечно крај на ова крвопролевање? Има мал оптимизам оти под притисок на САД почнаа преговори за постигнување на мир.
Но, од друга страна на теренот размената на ракетни удари или роеви на дронови продолжува. Ќе биде ли сепак ова годината кога Украина ќе го дочека мирот?
