Во Полициската станица Гази Баба вчера било пријавено дека 35-годишен маж од Скопје починал откако бил донесен во бессознание во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен во 16:54 часот, а станува збор за лицето Ф.Р. (35) од Скопје.
Лекарите констатирале смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, која треба да ги утврди причините за смртта.
Надлежните продолжуваат со преземање на потребните мерки за целосно расчистување на случајот.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
