Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»2025 е една од најкрвавите години за новинарите: Убиени 128 медиумски работници низ светот
    Свет

    2025 е една од најкрвавите години за новинарите: Убиени 128 медиумски работници низ светот

    03/01/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Според најновиот извештај на Меѓународната федерација на новинари (IFJ), 2025 година била една од најкрвавите за медиумските работници во светот, при што животот го загубиле најмалку 128 новинари и медиумски професионалци, меѓу кои и 10 жени.

    Од федерацијата оценуваат дека станува збор за „уште една смртоносна година за новинарството“, посочувајќи дека државните институции во многу земји континуирано не успеваат да обезбедат заштита за медиумските работници. IFJ апелира на итна и решителна акција за прекин на спиралата на насилство и укажува дека неказнивоста за убиствата на новинари и понатаму е доминантна појава.

    Во вкупниот број загинати се евидентирани и девет смртни случаи како последица на несреќи.

    За споредба, во 2024 година IFJ регистрираше 122 убиени новинари, од кои 14 жени, додека бројот на затворени новинари тогаш изнесуваше 516. Во 2025 година, таа бројка дополнително пораснала на 533 новинари зад решетки, при што Кина е на врвот на листата.

    Ажурираниот извештај за 2025 година вклучува 17 дополнителни смртни случаи регистрирани по 10 декември. Меѓу нив се случаи во Палестина, Танзанија, Перу и Гватемала, како и трагичен инцидент во Нигерија, каде што загинаа седум медиумски работници. Дополнително, пријавени се по еден смртен случај во Бурунди и Иран.

    Најпогоден регион повторно е Блискиот Исток и арапскиот свет, каде што се убиени 74 новинари, од кои 56 во Палестина, што претставува 58 проценти од сите жртви на глобално ниво. Ова е трета година по ред овој регион да биде најсмртоносен за медиумските професионалци.

    По бројот на загинати новинари, следуваат Јемен со 13, Украина со осум, Судан со шест, додека Индија и Перу пријавиле по четири смртни случаи. Неколку други земји, меѓу кои Филипините, Мексико, Перу и Пакистан, изгубиле по тројца новинари.

    Поврзани вести:

    Цената на нафтата под 108 долари, инвеститорите внимателно ги следат ризиците на Блискиот Исток

    Цената на нафтата под 108 долари, инвеститорите внимателно ги следат ризиците на Блискиот Исток

    Едно лице загина во напад врз аеродром во Саудиска Арабија, повредени осум лица

    Едно лице загина во напад врз аеродром во Саудиска Арабија, повредени осум лица

    АФД предлага радикални промени во Европската Унија и поголеми овластувања за националните држави

    АФД предлага радикални промени во Европската Унија и поголеми овластувања за националните држави

    Франција со засилени мерки за безбедност пред најавените протести на „Жолтите елеци“

    Франција со засилени мерки за безбедност пред најавените протести на „Жолтите елеци“

    Нигерија потврди случај на ебола, се шири загриженоста во регионот

    Нигерија потврди случај на ебола, се шири загриженоста во регионот

    Илјадници студенти и наставници протестираа во Грција за подобро образование

    Илјадници студенти и наставници протестираа во Грција за подобро образование

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Цената на нафтата под 108 долари, инвеститорите внимателно ги следат ризиците на Блискиот Исток

    22/10/2026

    Едно лице загина во напад врз аеродром во Саудиска Арабија, повредени осум лица

    22/10/2026

    АФД предлага радикални промени во Европската Унија и поголеми овластувања за националните држави

    22/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.