Најмалку 19 лица се повредени во судир меѓу товарен воз и автобус што се случи синоќа во близина на Кокел, во северниот дел на Франција, недалеку од Евротунелот што ги поврзува Франција и Велика Британија.
Локалните власти информираа дека ниту еден од повредените не се наоѓа во животна опасност. Меѓу повредените е и возачот на автобусот.
Несреќата се случила во близина на влезот во товарниот тунел, каде што веднаш биле испратени екипи на итната медицинска помош, полиција и хеликоптер за интервенција.
Причините за судирот засега не се познати и надлежните служби започнале истрага за да утврдат како дошло до несреќата.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
