Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»120 лица загинале во Појасот Газа во последното деноноќие
    Свет

    120 лица загинале во Појасот Газа во последното деноноќие

    15/07/20252 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Најмалку 120 тела биле доставени во болниците во Појасот Газа во последните дваесет и четири часа, објави Министерството за здравство на Газа. Во извештајот, се наведува дека покрај телата, донесени се и 557 лица кои биле повредени во истиот период.

    Додека бројот на жртви и повредени се зголемува од ден на ден, медијаторите кои се вклучени во преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа помеѓу двете завојувани страни – Израел и Хамас, се обидуваат да ги надминат разликите помеѓу двете делегации по еднонеделните индиректни разговори кои се одвиваат во Катар, соопшти денеска неименуван функционер кој е вклучен во разговорите.

    -Медијаторите активно бараат да истражат нови механизми за да помогнат во надминувањето на преостанатите разлики и одржувањето на моментумот на преговорите, рече тој.

    Палестинското движење Хамас, кое владее во Појасот Газа, денеска изнесе серија обвинувања за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека тој прави сѐ за да одбие постигнување на договор за прекин на огнот во Газа.

    -Нетанјаху е вешт во пропуштањето на една рунда преговори по друга и одбивањето да постигне договор за прекин на огнот, се вели во соопштението на Хамас.

    Од октомври 2023 година, кога започна војната во Газа откако палестинското милитантно движење Хамас го нападна јужниот дел на Израел, најмалку 58 386 Палестинци се убиени, а 139 077 се повредени, според палестински извори.

    Поврзани вести:

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    Зеленски: Над 550.000 домаќинства останаа без струја по руските напади

    Зеленски: Над 550.000 домаќинства останаа без струја по руските напади

    Протестите во Албанија продолжуваат седми ден, демонстрантите бараат оставка од Рама

    Протестите во Албанија продолжуваат седми ден, демонстрантите бараат оставка од Рама

    Две жртви во катастрофалните поплави во Шпанија, војската на терен

    Две жртви во катастрофалните поплави во Шпанија, војската на терен

    Провинција богата со нафта ќе гласа за отцепување од Канада, премиерот предупреди дека некој сака да ја подели државата

    Провинција богата со нафта ќе гласа за отцепување од Канада, премиерот предупреди дека некој сака да ја подели државата

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Тринаесетгодишник со нож нападна наставник и ученик во училиште во Романија

    19/10/2026

    Кремљ: Мировен договор не е можен без претставник од Киев подготвен да преземе одговорност

    19/10/2026

    Зеленски: Над 550.000 домаќинства останаа без струја по руските напади

    19/10/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.