Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Свет»105-годишен Германец осомничен дека бил чувар во логор за воени заробеници
    Свет

    105-годишен Германец осомничен дека бил чувар во логор за воени заробеници

    24/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Германското јавно обвинителство отвори истрага против 105-годишен маж под сомнение дека бил соучесник во повеќе убиства извршени во нацистички логор за воени заробеници за време на Втората светска војна.

    Според Обвинителството во Дортмунд, мажот е осомничен дека служел како чувар во логорот „Сталаг 326 VI K“ во Сене, на северозападот на Германија. Паралелно се водела истрага и против уште еден поранешен чувар од истиот логор, но тој починал пред неколку месеци на 99-годишна возраст.

    Од германските власти не се објавени дополнителни детали за случаите, кои повторно ги отвораат прашањата за гонењето на злосторствата од нацистичката ера, особено поради фактот што најголемиот дел од потенцијалните осомничени веќе не се живи.

    „Сталаг 326 VI K“ бил еден од најголемите логори за советски воени заробеници во нацистичка Германија. Според историските податоци, низ логорот во периодот од 1941 до 1945 година поминале десетици илјади заробеници, од кои голем број починале поради глад, болести, тешки услови и принудна работа.

    Од околу 180.000 до 200.000 советски воени заробеници регистрирани во логорот, голем број не го преживеале престојот, а десетици илјади биле погребани во близина на комплексот.

    Во Сене биле затворени и припадници на армиите на Франција, Полска, Србија и Белгија. Според податоците на Меморијалниот центар „Сталаг 326“, во логорот загинале десетици илјади луѓе.

    Германија од 1979 година нема рок на застарување за кривичните дела убиство и соучесништво во убиство, што овозможува и денес да се отвораат постапки за злосторства поврзани со нацистичкиот период.

    Во меѓувреме, според медиумските извештаи, под истрага е и уште еден стогодишен поранешен чувар на логор, овојпат од „Хемер Шталаг VI A“.

    Пред четири години, 101-годишниот Јозеф Шиц беше осуден на пет години затвор за соучесништво во убиство во концентрациониот логор „Заксенхаузен“. Тој беше најстариот нацистички злосторник изведен пред суд, но никогаш не ја отслужи казната бидејќи почина во 2023 година додека сè уште траеше постапката по неговата жалба.

    Поврзани вести:

    Томас Вајц: И во ЕУ има корупција, но разликата е што богатите одговараат пред судот

    Томас Вајц: И во ЕУ има корупција, но разликата е што богатите одговараат пред судот

    Северна Кореја тестираше ракети со кои може директно да го гаѓа Сеул

    Северна Кореја тестираше ракети со кои може директно да го гаѓа Сеул

    (Видео) Двајца загинати, осум повредени во руски ракетен напад на Киев

    (Видео) Двајца загинати, осум повредени во руски ракетен напад на Киев

    Иранскиот претседател со остар говор во ОН, упати обвинувања кон САД и Израел

    Иранскиот претседател со остар говор во ОН, упати обвинувања кон САД и Израел

    Кремљ: Путин е подготвен за средба со Трамп, но сè уште нема договорен термин

    Кремљ: Путин е подготвен за средба со Трамп, но сè уште нема договорен термин

    Руски хеликоптер накратко навлезе во воздушниот простор на Полска, следуваше контра одговор

    Руски хеликоптер накратко навлезе во воздушниот простор на Полска, следуваше контра одговор

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Томас Вајц: И во ЕУ има корупција, но разликата е што богатите одговараат пред судот

    24/09/2026

    Северна Кореја тестираше ракети со кои може директно да го гаѓа Сеул

    24/09/2026

    (Видео) Двајца загинати, осум повредени во руски ракетен напад на Киев

    24/09/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.