Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Зошто Обвинителството и Судот се груби со други обвинети, а се нежни со Груби?
    Политика

    Зошто Обвинителството и Судот се груби со други обвинети, а се нежни со Груби?

    24/02/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Вчерашното апсење на некогашниот моќник Артан Груби, предизвика бран реакции во јавноста, но огромна лавина предизвика синоќешната одлуката на Обвинителството и на Судот, наместо во „Шутка” како што се бараше претходно, Груби да биде спроведен во домашен притвор.
    Многумина се прашаа: Груби е само некогашен моќник или и сегашен? И зошто обинителството и судот играат грубо со други обвинети, а е нежно со Груби?

    Реагираа и партиите:
    Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека го разбираат револтот на граѓаните кон правосудството со „два отсто доверба”, но вината ја лоцираат во, како што велат, „седумгодишната агонија под политичка тортура на СДСМ-ДУИ”. Тие порачуваат дека времето на неказнивост завршило и дека Груби ќе одговара.
    За СДСМ пак куќниот притвор е доказ за договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и дека правната држава е погребана, а ова е однапред договорено и изрежирано.

    На социјалните мрежи реагираа и поранешни судии. Владимир Туфекџиќ побара еднаков третман за високите политичари и за обичните граѓани, додека Владимир Панчевски иронично праша зошто Судот на Груби не му одредил и негователка.

    Се огласија и дел од осудените од случајот „27 април”, при што Јане Ченто напиша: „Јас 28 месеци во притвор, Груби дома”.

    А граѓанските коментари на социјалните мрежи се полни со сарказам од типот: „Го уапсија за да го однесат дома”.

    Утрово се огласија и од Обвинителството. За нив мерката притвор е исто дали се издржува во затворска установа или дома со 24-часовен надзор.

    Инаку, Груби беше упасен вчера наутро на граничниот премин Блаце, откако сам се појавил, по повеќемесечно бегство од декември 2024 година, кога беше отворена истрага за злоупотреба на околу 8 милиони евра во Државна лотарија.

    артан груби
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    За Никола Груевски веќе нема место во Унгарија, објави Петер Маѓар

    14/04/2026

    ВМРО-ДПМНЕ: Нема тајни договори со Орбан, има само официјални државни договори и соработка меѓу Македонија и Унгарија

    13/04/2026

    СДСМ: Со падот на Орбан може да дојде до целосно отвривање на сите тајни бизниси со Мицкоски

    13/04/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      Исклучете AdBlock за пристап до вестите
      За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.