Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека, за разлика од
многу западни лидери, тој не се плаши од Доналд Трамп и ги негираше
медиумските извештаи за бурна средба во Вашингтон, нагласувајќи дека има
добри односи со американскиот претседател.
„Не… ние не сме непријатели со Америка. Ние сме пријатели. Па зошто да
се плашиме?” истакна Зеленски. Тој додаде дека го почитува изборот на
американскиот народ и дека САД се долгорочен стратешки партнер на
Украина со кој делат длабоки заеднички вредности.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар
