Општина Илинден информираше дека успешно ја реализирале акцијата за пошумување на повеќе локации. Биле засадени повеќе од 600 садници од различни видови, со цел унапредување на квалитетот на воздухот, заштита на животната средина и подобрување на условите за живот на граѓаните. Акцијата била спроведена со помош на општествено одговорни компании, граѓани, ученици, јавните претпријатија и општинската администрација.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
