Пречесто страдаат пешаци од удар на возило во Скопје и неговиот регион. И она што е уште позагрижувачко тоа често го прават малолетници кои седат позади воланот.
Најнов таков настан е од вчера кога малолетник предизвикал тешка сообраќајна незгода во скопското село Долно Коњари, при што тешко бил повреден пешак кој во болница се бори за живот.
Пред само неколку дена 16-годишно момче, управувајќи автомобил, удрил во пешак кој се здобил со сериозни повреди.
Една недела пред меѓу скопјани силно одекна случајот кога 18-годишник усмрти жена пешак и побегна од Македонија помогнат дури и од татко му.
Вакви и уште пострашни случки има многу за набројување. Но, време е да се набројуваат изречени поголеми казни за родителите на здивените деца. Време е полицијата да ги лови по патиштата малолетнците кои се како камикази, тоа не се сопира само со камерите на „Сејф Сити”.
