Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    E-Market
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Дали сте слушнале
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Забрана за тешки возила кон Попова Шапка поради снег
    Република

    Забрана за тешки возила кон Попова Шапка поради снег

    01/02/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Поради врнежи од снег, сè уште е во сила забраната за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси на патниот правец крак Шипковица – Попова Шапка, воведена утрово во 9:20 часот, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.

    Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. На повисоките места во западните и југозападните делови од државата, на одредени делници има помали остатоци од кашест снег на коловозот. Врнежи од снег со променлив интензитет се евидентираат во Крушево, Попова Шапка и Маврово, како и на планинските превои Стража и Ѓавато и на патниот правец Берово – Струмица.

    Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

    АМСМ потсетува дека од 15 ноември 2025 година е во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временските услови, и таа ќе трае до 15 март 2026 година. Патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица е затворен за сообраќај за сите видови возила во периодот од 21 ноември 2025 до 31 март 2026 година.

    Од АМСМ апелираат на прилагодена брзина, почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои зголемен ризик од одрони. Посебна внимателност се препорачува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

    Поврзани вести:

    Во Кочани ќе се гради спомен-обележје „Патека на бесконечноста за 63 ангели“ за жртвите од пожарот во „Пулс“

    Во Кочани ќе се гради спомен-обележје „Патека на бесконечноста за 63 ангели“ за жртвите од пожарот во „Пулс“

    И птиците во Охрид предупредуваат и бараат заштита на Езерото,  преполовен им е бројот за разлика од лани

    И птиците во Охрид предупредуваат и бараат заштита на Езерото, преполовен им е бројот за разлика од лани

    Променливо облачно со дожд и снег на планините, од утре постудено

    Променливо облачно со дожд и снег на планините, од утре постудено

    Пресуда што ја вознемири јавноста: Казнета новинарка за известување од суд

    Пресуда што ја вознемири јавноста: Казнета новинарка за известување од суд

    Матичните гинеколози бараат ревизија на договорите со Фондот и јасни правила

    Матичните гинеколози бараат ревизија на договорите со Фондот и јасни правила

    Коњановски најави: 1 милион денари за олимписките подготовки на Рустемовски

    Коњановски најави: 1 милион денари за олимписките подготовки на Рустемовски

    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Во Кочани ќе се гради спомен-обележје „Патека на бесконечноста за 63 ангели“ за жртвите од пожарот во „Пулс“

    31/01/2026

    И птиците во Охрид предупредуваат и бараат заштита на Езерото, преполовен им е бројот за разлика од лани

    31/01/2026

    Променливо облачно со дожд и снег на планините, од утре постудено

    31/01/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор

    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Jumbo Маркети

      Jumbo Маркети
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.