МВР и минатата недела спроведе редовни сообраќајни контроли низ Македонија. Изрешени се дури 1466 казни од кои дури 786 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.
Дури 14 возачи биле лишени од слобода поради безобѕирно управување на возило, од кои 11 за возење под дејство на алкохол, двајца за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, еден за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место.
Од Министерството уверуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила.
