Различни се коментарите на истакнати американски политичари околу постигнатото примирје со Иран, но и за однесувањето и воинствените изјави на претседателот Трамп во изминативе денови.
Демократската конгресменка Александрија Окасио-Кортез повикува на негова смена и по објавата на примирјето.
„Не можеме повеќе да го ризикуваме светот ниту благосостојбата на нашата нација. Претседателот мора да биде сменет, било од неговиот кабинет или од Конгресот”, порача таа на социјалните мрежи.
Од друга страна пак, неколку републиканци ја поздравија одлуката на претседателот, оценувајќи ја како лукава и тактичка. „Одлични вести”, изјави сенаторот Рик Скот и додаде: „Ова е силен прв чекор за да се повика Иран на одговорност. Тоа се случува кога имате лидер кој мирот
заснован на сила го става пред хаосот и слабата политика на попуштање”.

