ВМРО-ДПМНЕ и денеска продолжи со повиците за да се испита одговорноста на раководните лица во државната компанија ЕСМ во времето на владеењето на СДСМ и ДУИ.
„Институциите ги гледале единствено низ призмата сместување во удобните фотелји на роднини и пријатели, а нивните буџети извор за лично богатење на поединци, велат од владејачката партија и додаваат: Имено, истражните органи спроведоа истрага за време кога ЕСМ било раководено од кадар на ДУИ, а именувано од СДСМ, за сторен криминал во вредност околу 8 милиони евра. Си наместиле тендер од таа вредност, а 2 милиони евра ги испрале преку разни корупциски шеми, за истите веројатно да завршат во нечии џебови”.
Од ВМРО-ДПМНЕ повторно прашаа дали овие 2 милиони евра завршиле кај структури блиски до врвот на СДСМ или во ДУИ?
