Со намера да запалат маркет во населба Скопје Север, синоќа три маскирани лица фрлиле шишиња со запалива течност.
Причинета е материјална штета, а нема повредени лица.
Инцидентот е снимен од безбедносните камери, а полицијата, како што соопштија од таму, работи на идентификација на сторителите и расчистување на случајот.
