„Секој ден се фаќаат по 30 диви приклучоци, а ни денар не плаќаат и затоа нерационално трошат, бидејќи водата ја добиваат за џабе, а МВР не постапува“, објави на социјалните мрежи градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
Таа праша и зошто ако може по службена должност да се поднесуваат кривични пријави за оние што крадат струја од ЕВН која е приватна фирма, не може да се поднесат и за тие што крадат од ЈП „Водовод и канализација“, за да си наводнуваат цели ниви, за дивоградбите, за полнење базени со основниот природен ресурс- водата за пиење.
„Потрошувачката на вода овој месец на дневно ниво е рекордни 356.000 м3 на ден, што би значело потрошувачка од 700 литри вода по глава на жител, напиша Арсовска.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:







