Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Дома»Спорт»Вардар се врати во Лигата на шампионите со пораз, Мелсунген славеше во драматичен меч
    Спорт

    Вардар се врати во Лигата на шампионите со пораз, Мелсунген славеше во драматичен меч

    10/09/20262 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Ракометниот клуб Вардар со пораз го започна камбекот во Лигата на шампионите. Македонскиот шампион загуби на гостувањето кај германскиот Мелсунген со 33-31 во првото коло од групата Б, во натпревар во кој двапати успеваше да се врати од негатива, но на крајот остана без бодови.

    За „црвено-црните“ ова беше прв настап во елитното европско натпреварување по пауза од четири сезони. Мелсунген, пак, дебитираше во Лигата на шампионите откако минатата сезона го освои трофејот во Европската лига на ЕХФ, што е најголемиот успех во историјата на клубот.

    Вардар имаше проблеми со составот уште пред почетокот на дуелот. Поради суспензија не настапи Митровиќ, додека во Скопје останаа и Милан Лазаревски и Бразилецот Да Силва.

    Македонскиот тим одлично го отвори натпреварот. Воркапиќ го постигна првиот погодок, а Кеита се запиша меѓу стрелците на својот прв настап во Лигата на шампионите. Сепак, домашниот голман Симиќ со неколку одлични интервенции го запре налетот на Вардар.

    Мелсунген постепено ја презеде контролата и стигна до предност од 7-4, но по тајм-аутот на Иван Чупиќ, Вардар успеа да одговори. Љевар беше најрасположен во нападот, а со поддршка од Абделхак и Воркапиќ, гостите ја намалија негативата.

    До паузата се играше израмнето, а Вардар на полувреме замина со минимален минус од 16-15.

    Во вториот дел германскиот тим повторно направи серија и во 37. минута стигна до највисоки +4 (22-18). Чупиќ повторно реагираше со минута одмор, по што Вардар се стабилизираше и започна ново враќање.

    Голманот Васил Гогов внесе дополнителна сигурност со неколку важни одбрани, а Љевар повторно го повлече тимот. Вардар успеа да се приближи на само еден гол разлика (28-27) и во финишот имаше шанса целосно да се врати во натпреварот.

    Сепак, по промашената голема можност за израмнување, Мелсунген казни и во завршницата ја задржа предноста за конечни 33-31.

    Воркапиќ беше најдобар стрелец кај Вардар со девет гола, Љевар постигна седум, а Абделхак пет. Кај германскиот тим најефикасен беше Дростен со пет погодоци.

    И покрај поразот, Вардар покажа дека може рамноправно да се носи со тимовите од европската елита. Македонскиот шампион во второто полувреме со голема борбеност успеа да се врати во игра, но за позитивен резултат му недостасуваше подобра реализација во клучните моменти.

    Поврзани вести:

    Спектакл во Лигата на шампионите: Атлетико го сруши Јунајтед, Барселона блескаше во Истанбул

    Спектакл во Лигата на шампионите: Атлетико го сруши Јунајтед, Барселона блескаше во Истанбул

    Нов тежок удар за Еурофарм Пелистер, Гумерсбах го надигра македонскиот вицепрвак

    Нов тежок удар за Еурофарм Пелистер, Гумерсбах го надигра македонскиот вицепрвак

    Порзингис има неизлечива болест, никој не знае каде е

    Порзингис има неизлечива болест, никој не знае каде е

    Пред 33 години Македонија го одигра првиот историски натпревар со својата фудбалска репрезентација

    Пред 33 години Македонија го одигра првиот историски натпревар со својата фудбалска репрезентација

    Од Скопје до Пекинг: Дарио Ивановски избори настап на СП 2027

    Од Скопје до Пекинг: Дарио Ивановски избори настап на СП 2027

    Сензација во Шангај: Бергс го елиминира Алкараз во третото коло

    Сензација во Шангај: Бергс го елиминира Алкараз во третото коло

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Спектакл во Лигата на шампионите: Атлетико го сруши Јунајтед, Барселона блескаше во Истанбул

    13/10/2026

    Нов тежок удар за Еурофарм Пелистер, Гумерсбах го надигра македонскиот вицепрвак

    13/10/2026

    Порзингис има неизлечива болест, никој не знае каде е

    13/10/2026
    Додади Коментар

    Коментарите се затворени.



    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.

    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    Исклучете AdBlock за пристап до вестите
    За да можете непречено да ги следите најновите вести и содржини на нашиот портал, ве замолуваме да го исклучите AdBlock за оваа веб-страница. Рекламите ни помагаат да обезбедиме бесплатно и редовно информирање за сите посетители. Ви благодариме за разбирањето и поддршката.