Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    E-Market
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Сте слушнале ли?
      • 5 минути здравје
    • Интервју
      • Директно со
    ГЛЕДАЈ ВО ЖИВО
    Прва Скопска ТВ
    Home » Уран тргна директно: Mомент кога човештвото престанува да бега од сопствената вредност
    Хороскоп

    Уран тргна директно: Mомент кога човештвото престанува да бега од сопствената вредност

    05/02/20267 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Планетата Уран конечно после месеци движејќи се наназад (ретроградно) во Бик, застана и тргна напред. Ова не е настан што се случува во еден ден, туку процес што почнува сега и ќе се чувствува со месеци.
    Токму таков е моментот кога Уран повторно почнува да се движи напред, по долг период на внатрешна, тивка, но разорна ретроградност.

    Уран е далечен, немилосрден. бавен како планета, не како архетип. Кога запира, нè тера да се соочиме со она што не сме сакале да го видиме. Кога тргнува — повеќе нема назад.

    Осум години во Бик – судир со лажната сигурност

    Последните осум години додека тој транзитираше (патуваше) низ соѕвездието на Бик, беа обележани со еден длабок парадокс: планетата што симболизира слобода, прекини и револуција беше сместена во знак што сака мир, контрола и стабилност. Бикот владее со земјата и со вредноста. Не со парите како бројка,
    туку со вредноста како принцип.

    Бикот прашува:„Што вреди да се зачува?“ „Што вреди да се нахрани?“ „Што вреди да се заштити?“

    Резултатот беше очекуван, но болен.

    Се распаднаа економски модели. Се искомпромитираа вредности. Храната престана да биде симбол на сигурност и стана средство за манипулација. Парите изгубија смисла, а добија цена. Земјата  и буквално и симболично беше истрошена.

    Земјата како мајка, не како ресурс

    • плодна почва

    • земјоделие

    • храна како нужност за живот

    • ритам на природа, сезони, телесен циклус

     Кога ова е нарушено = глад, инфлација, токсична храна, вештачки „изобилства“. Најстрашното не беше материјалното. Најстрашното беше губењето на интегритетот — личен, општествен, државен.

    Вредности и пари

    • пари како размена на вредност

    • сопственост

    • материјална сигурност

    • стабилен систем

     Затоа Уран во Бик ја разнесе логиката на:

    • крипто

    • финансиски меури

    • лажни инвестиции

    • ненормално поскапување

     3. Телото

    • телото како храм

    • сетилата

    • уживање

    • допир

    • сексуалноста како инстинкт, не перверзија

     Кога ова е нарушено:

    • телото станува објект

    • здравјето станува пазар

    • сексот станува валута

    • храната станува отров

     4. Самопочит и интегритет

    Ова е најважното затоа што Бикот владее со:

    • „Колку вредам?“

    • „Дали сум доволен?“

    • „Што не продавам, без разлика на цената?“

    Кога Бикот е нападнат:

    • луѓето се продаваат себеси

    • државите го губат достоинството

    • моралот станува преговарачки

    Во митологијата, Бикот е:

    • свето животно

    • симбол на плодност

    • симбол на животна сила

    Но кога е злоупотребен:

    • станува жртва

    • се коле

    • се принесува жртва „за ред“

     Последните години живеевме жртвување на Бикот: земјата, телото, храната, вредноста — за профит, моќ и контрола.

    Зошто Уран на гости во домот на Бикот беше во егзил?

    Затоа што Уран не признава:

    • сопственост

    • граници

    • забавување

    • традиција

    А Бикот е токму тоа. Затоа судирот беше архетипски насилен: слободата против сигурноста, иднината против телото, умот против земјата. На Уран не му беше овој дом пријатен за сместување цели 8 години.

    Што ни останува по Уран во Бик?

    Прашањето не е:„Што изгубивме?“ Туку: „Што повеќе нема да дозволиме да се купи?“

    Бикот нè учи дека вредноста не се докажува, таа се живее

    Доколку тоа не го научивме — Уран не завршил. Уран во овој знак не дојде да гради. Дојде да покаже што не е одржливо и да го тргне – ослободување.

    Заробеното небо во тешка материја

    Уран во Бик беше митолошки апсурд. Небото закопано во земја. Молњата затворена во глина. Затоа периодот беше тежок, бавен, суров. Сѐ што требаше да биде слободно беше ограничено. Сѐ што требаше да тече — беше стегнато.

    Во митолошка смисла, ова беше времето кога:

    • вредностите се купуваа наместо да се живеат

    • телото стана објект, не храм

    • земјата стана ресурс, не мајка

    И секогаш кога некој архетип е злоупотребен, следи казна преку реалноста.

    Директното движење не е олеснување — туку преземање одговорност

    Сега, кога Уран повторно се движи напред, не добиваме „награда“. Добиваме јасност. Тој долго време беше ретрограден (успорен, движејќи се назад, споро), проверувајќи што уште треба да се сруши што не срушил во овие 8 години. Сега ветерот смени правец кон напред. Застана и тргна кон иднината, за конечно да го напушти ова земјено соѕвездие на Бик и да влезе во куќата на Близнаците што му е многу посвоја по природа и елемент.

    Ова е фазата кога: нема повеќе враќање на старото, нема повторно учење на истата лекција, нема изговор дека „не знаевме“ Сѐ што се рушеше, веќе се урна. Сѐ што преживеа — мора да се редефинира. Најголемата саботажа во овој период не е загубата. Туку откажувањето.

    Моментот кога главата паѓа

    Уран тргнува директно од архетипската точка на обезглавување. На степенот од каде што тргнува директно се наоѓа фиксната ѕвезда Алгол (Медуза – нимфата чија глава е отсечена). Не како хорор приказна, туку како симбол. Во митологијата, отсечената глава не е крај. Таа е губење на лажниот ум. Персеј не ја победува Медуза со сила, туку со огледало — со свест. Главата со змии станува оружје не затоа што е страшна, туку затоа што ја претвора лагата во камен.

    Сега сме тука. Ова е период кога:

    • тајните стануваат јавни

    • идолите паѓаат

    • авторитетите се демаскираат

    • вистината престанува да биде удобна

    Светот се поместува од материја кон ум

    Уран е на пат да го напушти знакот на тежината и да влезе во простор каде што идеите се побрзи од телата, а мислата побрза од стравот. Овој премин ќе ја смени насоката на колективниот развој. Тежиштето ќе се префрли од:

    • сопственост → знаење

    • земја → движење

    • страв → информации

    Ќе се отворат нови прашања околу:

    • науката

    • медицината

    • технологијата

    • комуникацијата

    • младите генерации

    Ова е будење со аларм и ќе дојде брзо поради тоа што Уран ќе премине во друго соѕведие/друг дом во месец Април. Тоа ќе биде домот на Близнаците. Најинтелигентната и најбрза планета Уран – симболично и архетипски, влегува во најинтелигентниот и најбрзиот знак – Близнаци.

    Илузиите паѓаат, вистината станува гласна

    Периодов што следи носи конфузија во зборовите, нејасна комуникација и намерни извртувања на вистината. Луѓето ќе зборуваат многу, а ќе кажуваат малку. Ќе ветуваат, а нема да објаснат. Ќе се колнат, а нема да стојат зад зборот. Во таква клима, интуицијата станува поважна од информацијата. Уметноста, музиката, тишината — ќе кажуваат повеќе од изјавите.

    Нема повеќе жртвување на невините

    Во длабок архетипски слој, овој циклус ја носи темата на жртвата. Долго време:

    • младите беа жртвувани за системи што не ги штитат

    • телата беа разменска валута

    • моралот беше предмет на договор

    Директниот Уран го прекинува овој ритуал, но не со морализирање. Туку со разобличување.

    Ветерот (Уран) се враќа дома

    Уран припаѓа на воздухот. На мислата. На идејата. На бунтот што започнува во умот, не на улица. Кога ќе ја напушти земјата (Бик), ќе се врати во просторот каде што револуциите не рушат куќи, туку парадигми (Близнаци). Тука почнува нов мит: не за богови и херои, туку за човекот што се сеќава кој е.

    Кармата не казнува — таа расчистува

    Периодов во кој се наоѓаме не е случаен. Ова е точка на згусната карма — лична и колективна. Сѐ што се случува сега не е ново. Само излегува на површина. И колку повеќе се држиме за илузијата, толку поболно ќе биде пуштањето.

    Ништо од старото не може да продолжи, но сѐ може да се роди одново

    Ова не е крај на светот. Ова е крај на еден начин на живеење. Она што изгледа како катастрофа, често е ослободување од нешто што одамна било мртво. Она што изгледа како загуба, е простор за нов живот. Најважната задача сега е: да не го изгубиме достоинството, да не го изгубиме моралот, и — да не го изгубиме човештвото. Уран не бара совршенство. Бара автентичност. И токму тука почнува новата приказна.

    Од жртва кон сведок

    Ова не е време да бидеме херои. Ова е време да бидеме сведоци. Сведоци на крајот на една лага. Сведоци на падот на еден свет што се одржуваше на страв. Сведоци на раѓањето на нешто што сѐ уште нема име.

    Уран не ветува удобност. Тој ветува вистина.

    А вистината, еднаш кога ќе се види,
    никогаш повеќе не може да се заборави.

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

    Поврзани вести:

    Злобни и лукави: Овие хороскопски знаци тешко се менуваат

    Злобни и лукави: Овие хороскопски знаци тешко се менуваат

    Втората половина од февруари носи големи промени за четири знаци

    Втората половина од февруари носи големи промени за четири знаци

    Хороскопски предизвици: Кој знак лесно се збунува и кој има најкреативни „лаги“?

    Хороскопски предизвици: Кој знак лесно се збунува и кој има најкреативни „лаги“?

    Уран тргна директно: Што носи ова за твојот хороскопски знак?

    Уран тргна директно: Што носи ова за твојот хороскопски знак?

    Еклипса во Водолија 2026 – Влијание по хороскопски знаци

    Еклипса во Водолија 2026 – Влијание по хороскопски знаци

    Нема повеќе автопилот, Февруари 2026: Што значи ова за хороскопските знаци?

    Нема повеќе автопилот, Февруари 2026: Што значи ова за хороскопските знаци?

    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Злобни и лукави: Овие хороскопски знаци тешко се менуваат

    10/02/2026

    Втората половина од февруари носи големи промени за четири знаци

    08/02/2026

    Хороскопски предизвици: Кој знак лесно се збунува и кој има најкреативни „лаги“?

    05/02/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор

    НАЈНОВИ ВЕСТИ
      Jumbo Маркети

      Jumbo Маркети
      Прва Скопска ТВ
      Facebook Instagram YouTube
      • За нас
      • Импресум
      • Контакт
      • Програмска шема
      © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

      Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.