Украина објави мировен план од 20 точки направен заедно со САД. Сега ќе се чекал одговор од Русија. Воедно, Киев искажал подготвеност за преговори на највисоко ниво, особено во врска со територијалните прашања.
Главните точки на планот се суверенитетот на Украина, кој ако се потпише ќе биде потврден и гарантиран.
За Територијални прашања е договорено: воени линии во регионите Донецк, Луганск, Запорожје и Херсон признати де факто, предложено е можно создавање слободни економски зони и демилитаризирани области.
По договор за идните територијални аранжмани, би требало и Руската Федерација и Украина да се обврзат да не ги менуваат овие аранжмани со сила.
Овој договор ако се потпише ќе биде правно обврзувачки, а неговото спроведување ќе го следи и гарантира Советот за мир, со кој би претседавал американскиот претседател Доналд Трамп.
