Педесет и едногодишна жителка на Скопје е лишена од слобода под сомнение дека предизвикала пожар на подрачјето на Општина Центар, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од МВР, полициски службеници од Полициската управа Скопје ја привеле Ш.И. (51) од Скопје, поради сомнение дека со употреба на запалива материја предизвикала пожар.
Во пожарот изгорела поголема површина со сува трева и дрвја, а огнот зафатил и два столба.
Од Министерството информираат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
