По наредба на јавен обвинител, спроведена е истражна постапка против три лица за транспорт на 150 килограми марихуана. Лицата вршеле неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Откако двајца од осомничените набавиле марихуана, ја сместиле во автомобил со странски таблички кое било купено за таа намена. Потоа го ангажирале третоосомничениот чија задача била со шлеп служба возилото со дрогата да го транспортира од Струга до Свети Николе.
Од страна на полициски службеници биле запрени двете возила со кои ја првезувале марихуаната. При извршен преглед во возилото што се транспортирало со шлеп службата во багажниот простор и задната клупа биле пронајдени 8 торби со марихуана, спакувана во 50 пакувања со вкупна тежина од 150, 0394 килограми.
По наредба на јавниот обвинител до судијата на претходна постапка се доставил предлог што судијата го прифатил и со Решение им определи мерка притвор на тројцата осомничени.






