По средбата во Белата куќа, претседателот на САД, Доналд Трамп и унгарскиот премиер Виктор Орбан пред новинарите одговараа на прашања за повеќе теми.
На едно од прашањата, го прашаа Трамп зошто го поддржува Орбан и зошто за САД е важно тој да победи на следните избори?
Трамп им одговори: „Па, не го познавам неговиот противник. Не знам дали сè уште има противник. Во одреден момент ќе има. Претпоставувам дека знаете дека секогаш имаме противници, нели? Ќе го поддржам Орбан. Тој заврши фантастична работа. Имавме одлични односи. Гледајте, ние, САД, бевме земја која немаше лидер. Имаше тотално нелегален лидер и доказите за тоа излегуваат и се се посилни. Но, немавме лидер во САД. Мислам, Унгарија, на пример, немаше односи со САД, иако имаме, знаете, милијарди долари трговија со Унгарија. Унгарија е голема земја економски. Имаме милијарди долари трговија со Унгарија. Зошто би се откажале од тоа? А, САД во време на Бајден се откажаа од тоа и од толку многу други работи. Гледајте, се откажаа од сè. Оваа земја беше лошо водена. Но, нашиот однос со Унгарија веднаш се подобри штом победив на изборите, бидејќи Виктор е еден од луѓето што се многу почитувани. Тоа беше лесно“, рече Трамп.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар
