Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе започне со
тестирање на нуклеарно оружје како одговор на акциите на ривалските
земји. Тој му наредил на Пентагон да започне со тестирање на нуклеарно
оружје „на рамноправна основа” со Русија и Кина. Во објава на
социјалните мрежи, Трамп изјави дека „САД имаат повеќе нуклеарно оружје
од која било друга земја”, наведувајќи ја Русија на второ место, а Кина
како „далечна трета”, но додаде дека таа „ќе се изедначи во рок од пет
години”
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар
