Американскиот претседател Доналд Трамп се откажа од крајниот рок, поставен до Киев за прифаќање на неговиот мировен предлог за војната во Украина. „Крајниот рок за мене е, кога се ќе заврши,” потенцираше aмериканскиот претседател.
Инаку, тој нагласи дека не се согласува дека Русија не прави отстапки.
„Па, тие прават отстапки. Голема отстапка е да престане да се бори и да не се зазема повеќе територија”, рече Трамп.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, пак, изјави дека планот на Москва не се променил и дека Кремљ верува дека може да издржи подолго од Украина и од нејзините сојузници.
Од друга страна, додека се подготвуваат нови дипломатски контакти во врска со конечен договор за сопирање на војната во Украина, руското Министерство за надворешни работи обвини европски земји и медиуми дека се обидуваат да ги поткопаат американските напори за наоѓање решение.
