Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша законот со кој се
стави крај на најдолгата финансиска блокада на администрацијата во
историјата на САД. Претходно Сенатот и Претставничкиот дом гласаше за
усвојување на привременото финансирање што ќе биде на сила до 20 јануари
следната година.
Потписот на Трамп ќе ги врати федералните работници на работа уште
денес, но не е јасно колку брзо ќе продолжат целосните владини услуги и
операции кои долго беа во застој и предизвикаа криза во САД.
ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ
Додади Коментар
