Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран ќе се врати на преговарачката маса и ќе „даде сè што сакаме“. Во интервју за „Сандеј Морнинг Фјучерс“ на Фокс њуз, тој посочи дека американските преговарачи веќе добиле „речиси сè што ни требаше“, освен што Иран одбил да се откаже од своите нуклеарни амбиции.
Трамп нагласи дека Иран не ги напуштил преговорите и изрази уверување дека разговорите ќе продолжат. „Предвидувам дека ќе се вратат и ќе ни дадат сè што сакаме“, рече тој.
Во истиот разговор, тој упати и закана кон Кина, најавувајќи царини од 50 проценти доколку Пекинг помогне на иранската војска. Дополнително, Трамп оцени дека цените на нафтата и гасот на крајот ќе паднат по завршувањето на овој конфликт.

