Затворите Menu (Мени)
Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    Facebook X (Твитер) Instagram
    Прва Скопска ТВ
    • Почетна
    • Вести
      • Политика
      • Економија
      • Република
      • Избори 2025
    • Свет
    • Скопје
    • Хроника
    • Култура
    • Спорт
    • Колумни
    • Магазин
      • Музика
      • Живот и Стил
      • Љубов и Секс
      • Занимливости
      • Технологија
      • Храна и Пијалоци
      • Хороскоп
    • Од телевизија
      • Инфоскоп
      • Блиц
      • Времеплов
      • Дали сте слушнале
    • Интервју
      • Директно со
    Прва Скопска ТВ
    Home » ТИТАН Усје: Неоснованите обвинувања се тенденциозни и не придонесуваат кон изнаоѓање на одржливи решенија
    Економија

    ТИТАН Усје: Неоснованите обвинувања се тенденциозни и не придонесуваат кон изнаоѓање на одржливи решенија

    16/01/20263 Минути Читање
    Сподели
    Facebook Твитер Telegram WhatsApp

    Со цел точно и транспарентно информирање на јавноста, ТИТАН Усје ги изнесува следните факти и ставови во врска со своето работење и прашањата поврзани со квалитетот на воздухот во Скопје:

    „ТИТАН Усје е одговорна компанија која, во сите сегменти од своето работење, работи согласно домашната регулатива. Kомпанијата ги применува најдобрите достапни практики во производството и применува технологија идентична со најдобрите компании од цементната индустрија во Европската Унија.

    Како конструктивен дел на заедницата, ТИТАН Усје целосно ја разбира загриженоста за квалитетот на воздухот во Скопје, но смета дека нападите кон нејзиното работење, кои не се темелат на аргументи и податоци, се некоректни и тенденциозни, и воедно не придонесуваат за изнаоѓање на вистински одржливи решенија за ваквата состојба.

    Во интерес на вистината би сакале повторно да ги истакнеме фактите дека ТИТАН Усје целосно ја почитува законската регулатива во сите области од своето работење, ги применува светските добри практики во производство на цемент и на јасен и транспарентен начин комуницира со сите засегнати страни.

    Имено, согласно домашната регулатива, која во овој сегмент е идентична со онаа на Европската унија, ТИТАН Усје како компанија носител на А-интегрирана дозвола, е под континуиран 24-часовен независен мониторинг на излезните гасови од оџаците, а резултатите од мерењата се јавно достапни (неделен извештај даден во прилог). Граничните вредности на емисиите утврдени во дозволата која ја поседува ТИТАН Усје се построги од оние пропишани со Законот. И покрај тоа, компанијата, во своето работење, не ги надминува вака дефинираните дозволени гранични вредности. Тоа е овозможено со високоефикасен, комплексен систем на современи филтри кои фабриката ги има инсталирано и задолжително работат секогаш кога работат и производните линии. Покрај тоа компанијата континуирано инвестира во модернизација на технолошките процеси. Имено, во изминатите шест години инвестициите надминаа 36 милиони евра, од кои 4,5 милиони евра беа наменети за унапредување на заштитата на животната средина.

    Бројките недвосмислено покажуваат дека и кога ТИТАН Усје не работи, амбиенталниот воздух е со истиот квалитет, што е јасна потврда за тоа дека компанијата не е причина за состојбите со квалитетот на воздухот во Скопје.

    Сите независни студии укажуваат дека , индустријата има помало влијание на квалитетот на амбиенталниот воздух споредено со загревањето на домовите и јавните објекти, сообраќајот, градежните активности и горењето на отворено.

    Како компанија која во целост работи согласно утврдените законски рамки, секогаш ќе настојуваме на почитување на принципите на владеење на правото. Како активен член на заедницата во изминатите 70 години, подготвени сме да помогнеме во сеопфатно решавање на системскиот проблем, со цел да се надминат состојбите со лошиот квалитет на воздухот во градот, што е во интерес на сите нас. Притоа секогаш ќе инсистираме на соработка и дебата базирана на факти и докази, а не на паушални заклучоци и ќе бидеме јасни и прецизни во нашиот став – изворите да се бараат на вистинските места“, се вели во соопштението.

    Во прилог редовните неделни извештаи од мерењата на емисиите кои се јавно достапни.

    МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

    Поврзани вести:

    Македонија обезбеди една милијарда евра со најниски каматни стапки во две децении

    Македонија обезбеди една милијарда евра со најниски каматни стапки во две децении

    Божиновска ги поддржа студентите инженери: Македонија има талент за европската инженерска сцена

    Божиновска ги поддржа студентите инженери: Македонија има талент за европската инженерска сцена

    Се повеќе странски работници во Македонија, Владата утврди и квоти за 2026 година

    Се повеќе странски работници во Македонија, Владата утврди и квоти за 2026 година

    Божиновска: Одлуките за рударството мора да се темелат на наука и експертиза

    Божиновска: Одлуките за рударството мора да се темелат на наука и експертиза

    Грантови од МОН за училиштата за реализација на програми за заштита од пороци и насилство

    Грантови од МОН за училиштата за реализација на програми за заштита од пороци и насилство

    Треба да се поддржи секој закон што го штити здравјето, кажа Ристески

    Треба да се поддржи секој закон што го штити здравјето, кажа Ристески

    Следете на Facebook Следете на Instagram Следете на YouTube
    Споделување. Facebook Твитер Линктин

    ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

    Македонија обезбеди една милијарда евра со најниски каматни стапки во две децении

    16/01/2026

    Божиновска ги поддржа студентите инженери: Македонија има талент за европската инженерска сцена

    16/01/2026

    Се повеќе странски работници во Македонија, Владата утврди и квоти за 2026 година

    16/01/2026
    Додади Коментар
    Остави Одговори Откажи Одговор

    НАЈНОВИ ВЕСТИ
    Jumbo Маркети

    Jumbo Маркети
    Прва Скопска ТВ
    Facebook Instagram YouTube
    • За нас
    • Импресум
    • Контакт
    • Програмска шема
    © 2026 Konzoto. Сите авторски права се задржани. Веб-дизајн и развој: Виктор Аврамов.

    Тип погоре и притиснете Enter search. Притиснете Esc да ја откажете.