Тепачка се случи денеска во Парламентот на Бугарија околу одлуката за приклучување на земјата кон Еврозоната, а некои од парламентарците ги повикаа поддржувачите на зачувувањето на националната валута левот да го блокираат Народното собрание.
За време на парламентарната седница, пратениците на проруската Обнова, на повик на лидерот Костадин Костадинов, го блокираа пристапот до говорницата, а потоа Костадинов се качи на неа.
–Денеска е црн ден за Бугарија, јаничарите ја закопуваат нашата земја, рече Костадинов.
Фотографиите објавени од бугарски медиуми покажуваат дека имало физичка пресметка меѓу двајца пратеници.

